НАДЛЕЖНОСТИ

Надлежностите на Агенцијата за разузнавање се дефинирани во член 2 и член 6 од Законот за Агенцијата за разузнавање.

1. Собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Република Макединија и стопанските, политичките и други интереси на државата.

2. Врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително го известува Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и други државни органи за прашања од значење на нивниот делокруг.

3. Соработува со државните органи за прашањата од заеднички интерес. Во остварувањето на меѓусебната соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си доставуваат податоци, известувања, информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.