Скопје – 13 февруари 2020 година

СРЕДБА МПС - АР


Денес на 23.01.2020, претседателот на Македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев одржа средба со директорот на Агенција за разузнавање (АР), г. Еролд Муслиу, во просториите на Агенцијата. Ова е прва средба по изборот на престедателот на МПС во декември 2019 г. со директорот на АР.

За време на средбата директорот на АР, Еролд Муслиу го информираше претседателот на МПС Марјан Кицев за предлот законот за Агенција за разузнавање кој ја помина законската процедура пред Владата на РСМ на 21.01.2020 г.
МПС учествуваше во изготвувањето на новиот предлог закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, условите за пензионирање, како и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА.
Во изготвувањето на предлог законот за АР, во кој учествуваше и МПС се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ.