Скопје – 3 јуни 2020 година

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ


Директорот на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, г. Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија и не присуствувал на партиски состанок во СДСМ.

Директорот на АР е во самоизолација поради приватна, кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири во град на 30.05.2020 година. Имајќи предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција, како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација.

Во АР, откако е прогласена пандемијата, успеавме да се заштитиме, а при тоа да ги извршуваме работните обврски.

Им сугерираме на медиумите да не потпаѓаат на хибридната пропаганда, гладна за лажни вести.

Му сугерираме на потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски да ја повлече изјавата дадена на ТВ Канал 5 на 02.06.2020 година, бидејќи содржи невистинит факт.