Скопје – 09 септември 2020 година

СООПШТЕНИЕ


На 09.09.2020 г., во официјална посета на Агенција за разузнавање (АР) на Репубика Северна Македонија беше командантот на мисијата на КФОР, генерал –мајор Микеле Риси, придружуван од неговите соработници. Ова е прва средба на командант на КФОР со директор на Агенција за разузнавање на Република Северна Македонија.

На средбата, директорот на АР Еролд Муслиу и командантот на КФОР, генерал – мајор Микеле Риси дискутираа за безбедносните прашања во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста. Двајцата соговорници се согласија дека и во време на пандемијата од КОВИД – 19, безбедносно – одбранбените ентитети остануваат подготвени за да одговорат на безбедносните предизвици, од доменот на борбата против тероризмот и хибридното влијание и закани.