Скопје – 17 септември 2020 година

Средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат


Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу денеска (17.09.2020) оствари средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот, д-р Марјан Кицев и од генералниот секретар, Киро Трајковски.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу АР и МПС во контекст на континуираниот социјален дијалог при што заеднички беше потенцирана важноста од продолжување на блиската соработка во интерес на заштита и унапредување на правата на вработените.

Директорот Муслиу изрази поддршка за работата на МПС како единствен репрезентативен синдикат на вработените во АР и истакна дека Агенцијата како досега така и во иднина, ќе ги штити и уважува правата на вработените и ќе се бори за нивно подобрување од аспект на услови за работа и поголема економска и социјална сигурност.

Претставниците на синдикатот го информираа директорот Муслиу за нивните тековни активности и иницијативи во насока на остварување, унапредување и заштита на економските и социјалните права и професионалниот статус на членовите на МПС.